Белград
Од Википедија, слободна енциклопедија
Белград (српски: Београд или Beograd слушни ) е главен град и најголем град во Србија. Првите населби во регионот на Белград биле во преисториската Винча околу 4800 п.н.е. Градот бил населен во 3 век п.н.е. од Келтите, а по доаѓањето на Римјаните станал римска колонија во провинцијата Мезија и бил наречен Сингидунум. Се смета за еден од најстарите европски градови, бидејќи неговата историја е подолга од 7000 години. Словенското име Белиград за првпат се споменува на 16 април 878 година од н.е., во една преписка помеѓу папата Јован VII и бугарскиот кнез Борис I. Белград за првпат станал главен град на Србија во 1403. Во својата многугодишна историја, бил освојуван од преку 40 војски: римски, византиски, отомански, унгарски итн. Бил главен град на различните форми на Југославија од 1918 до 2003, како и на државната унија на Србија и Црна Гора од 2003 до 2006.
Градот лежи на реките Сава и Дунав на централна северна Србија, на местото кадешто Панонската Низина се граничи со Балканскиот Полуостров. Населението на Белград, според српскиот попис во 2002 е 1,576,124. Тоа е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија, и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.
Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска власт. Територијата на Белград е поделена на 17 општини, од која секоја има свој локален совет. Белград зафаќа преку 3.6% од територијата на Србија и 21% од српското население (без населението на Косово), живее во градот. Претставува економски центар на Србија и главен град на српската култура, образование и наука.
[уреди] Надворешни врски
![]() |
Ова е недовршена статија за географија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |