Константин Филозоф
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кирил (Константин Филозоф) и Методиј се основоположници на словенската писменост и култура. За животот и дејноста на словенските просветители најголем број податоци добиваме од делата Панонски легенди, Климентовото житие од Теофилакт, Климентовото житие од Хоматијан, О'писменех од Црноризец Храбар.
Константин кој подоцна се замонашува и го добива името Кирил е роден 826 или 827 година. Уште како мал пројавил наклоност кон науката, и своето образование го стекнал во Цариград во прочуената Магнаурска школа. По завршувањето на школувањето ја прима должноста на учител по филозофија и бидејќи многу се истакнувал додека ја вршел оваа должност ќе го добие епитетот Филозоф, кој ќе стане неразделен дел од неговото име.
Види уште Св.Кирил и Методиј