Св. Методиј
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Со само 20 години Методиј, син на богатото семејство на Лав и Марија, многу млад се стекнал со слава во визнатиската армија и веќе бил познат и на императорскиот двор во Цариград. Бил споредуван со Самсон (според силата) и Исус Навгин (со решителноста) која ја имал на бојното поле и бил награден од Императорот со војводски чин и го именувал за кнез во брегалничката област во 845 година.
Брегалничката мисија на Методиј била да воспостави ред и да го наметне духовното и кулутурното влијание на Византија кај Словените – Струмјани, од источните краеви на Македонија. Овој регион во тој период бил постојано изложен на налетите на Бугарската војска.
Најмалиот брат на Методиј бил Константин. Константин се втурнал во водите на филозофијата, лингвистиката и мисионерството.
Методиј цела деценија управувал како кнез со Струмјаните по долината на Брегалница. Струмјаните од поодамна ја признавале врховната власт на Цариград но тоа не било доволно за претстојните судири со Бугарија кои секој ден станувале се поизвесни.
Активноста на Методиј била насочена пред се кон воспоставување и зацрвстување на врските со Струмјаните но не со силата на мечот туку преку придобивањето на ова моќно словенско племе. Долгогодишната работа на Методиј во овие краишта резултирала со идавањето на т.н “Закон судњиј људим„ воен законик напишан на словенски јазик со грчки букви. Законикот претставува првиот словенски пишан споменик во историјата.
Основниот проблем било неразбирањето на грчките букви од страна на Словените и неможноста словенскиот јазик да се преточи со грчката азбука.