Костур (град)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Костур (на грчки Касторија) е град во западниот дел на Егејска Македонија, односно во северо - западниот дел на Грција. Градот се наоѓа во административната област Западна Македонија и е сместен на брегот на Костурското Езеро во планинскиот крај на масивот на планинскиот венец на Грамос. Во градот и околината живее помал дел на македонско население кое до Граѓанската војна во Грција (1945-1949) било доминантно мнозинство во градот и околината.