Кочо Урдин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Кочо Урдин е раскажувач, романсиер и драмски писател. Роден е на 4 јули 1930 година во Струмица. Студирал литература во Белград и Скопје. Завршил Висока школа за политички науки во Белград. Бил директор на Народниот театар „Антон Панов“, основоположник на Работничкиот универзитет, Ликовната галерија, Интернационалната ликовна колонија и Музејот во Струмица. Член на ДПМ од 1962 година. Добитник е на наградата на театарските игри „Војдан Чернодрински“.
[уреди] Литературно творештво
- Струмица се бори (хроника, 1954)
- Смеа низ сокаците (хумористични раскази, 1960)
- Љубов зад решетки (хроника, 1961)
- Смелата дружина (роман за деца, 1971)
- Благој Мучето (хорника, 1975)
- Афоризми (1975)
- И кога мислиш размислувај (афоризми, 2000)
Во 2000 година излегува збирката Драми:
- Во виорот на страста,
- Мистериозна ламја
- Диви
- Дамка.