Крушевска Република
Од Википедија, слободна енциклопедија
Крушевска Република се нарекува новоформираната власт на востаниците во Крушево за време на Илинденското востание. Востаничката власт во Крушево траела само 10 дена - од 3 до 13 август 1903 година и е најголемиот успех што македонските востаници го постигнале за време на Востанието.
Крушево било ослободено со координаран напад врз касарната, поштата, општината и други објекти и во него влегол Штабот на крушевските востаници кој воспоставил воена власт и свикал Совет на Републиката од 60 членови, по 20 од секоја верска деноминација во Крушево (македонска, грчка и романска). Тој ја избрал привремената влада во состав: Дину Вангели, Георги Чаче, Теохар Нешков, Христо Ќуркчиев, Димитар Секулов и Никола Баљу. Сепак, фактички водач на востаничката власт во Крушево бил Никола Карев.
Најпознат документ издаден за време на Крушевската Република е Крушевскиот манифест.