Лазо Каровски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Лазо Каровски е роден во Кавадарци во 1927 година. Своето образование го заврши во Скопје и докторираше на тема: Македонски печалбарски песни. Тој е еден од најпознатите македонски фолклористи, а истовремено е и познат автор и поет.
Каровски пишуваше и за деца и за возрасни.
Од неговото творештво за деца се издвојуваат следните збирки поезија:
- Овчарче
- Песната на славејот
- Митко шета со ракета
Во спомен на дванаесетте младинци од Ваташа убиени од Бугарите во Втората Светска војна, ја напиша поемата: Крвава Балада.
Од неговото творештво за возрасни се издвојуваат следните збирки поезија:
- Тиквешка легенда Превземи во PDF формат
- Момина чука
- Родината в песни
- Родина
- Стравини
Од неговото прозно творештво се издвојуваат:
- Патишта
- Заорок
- Раскин
Каровски е исто така автор и на романсираните биографии на Климент и Наум Охридски.
Добитник е на бројни награди за литературна дејност.