Лешок
Од Википедија, слободна енциклопедија
Лешок е село во Тетовско. Лешок се наоѓа на 560 метри надморска височина во Долни Полог (Тетовскиот дел на котлината Полог). Селото брои 399 жители и е исклучиво населено со Македонци од Православна вероисповест. Од Тетово, Лешок е одалечен 11 км.Во селото се наоѓа и лекувалиштето од ТБЦ.
[уреди] Лешочкиот Манастир Свети Атанасиј
Во Лешок се наоѓа еден од најпознатите Македонски манастири, кој за жал во својата историја 2 пати доживеал да биде урнат,но и да биде обновен! Се смета дека манастирот е подигнат 1315 и 1348 година,или малку подоцна бидејќи живописот датира од 1340/45 година. Во манастирот се наоѓа гробот на познатиот Македонски преродбеник Кирил Пејчиновиќ. При крајот на XVII манастирот бил урнат од Турците, и бил во урнатини до 1927 година кога повторно бил обновен. Вторпат манастирот беше урнат од страна на албанските терористи и екстремисти за време на воениот конфликт 2001 година, благодарение на средствата и истрајноста на Македонскиот народ, манастриот беше повторно возобновен.