Македонија (римска провинција)
Од Википедија, слободна енциклопедија

Римската провинција Македонија била прогласена во 146 п.н.е, по победата на римскиот генерал Квинт Сесилиј Метел над македонскиот крал Андриск во 148 п.н.е и распаѓањето на четирите марионетски македонски републики. Провинцијата се состоела од Епир вет, Тесалија и делови од Илирија и Тракија.
Во III и IV век, провинцијата била поделена на Македонија Прима (на југ) и Македонија Салутарис (на север).
Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикумската префектура создадена во 318. Кога Илирикумската префектура била поделена на Источен и Западен Илирикум во 379, Македонските провинции станале дел од Источен Илирикум. По расцепувањето на Римското царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од Византија.
Една важна личност од римска Македонија бил светецот заштитник на Солун, Димитар Солунски, кој починал во 306.
[уреди] Стопанството во римска Македонија
За време на Октавијан Август македонија долго живеела во мир, просперитет и богатство, иако нејзината економска важност полека се намалила за сметка на економската важност на нејзиниот сосед, Мала Азија.
Стопанството значително напреднало по изградбата на патот Вија Игнација, доселувањето на римски трговци во градовите и основањето на римски колонии. Царската управа донела, покрај патишта и свој систем на администрација, и економски бум, кој бил полезен и за римјаните и за македонците. Со огромни обрабортливи површини и добри пасишта, владеачките семејства натрупале огромни богатства во општеството базирано на робовски труд.
Подобрувањата на условите за живот кај работиничките класи довело до голем развој на занаетчиството во регионот. Ѕидарите, рударите, ковачите, и др. биле вработувани во најразлични сектори на стопанството.
Најмногу се извезувале земјоделски производи и стока, додека железото, бакарот и златото заедно со прозводи како дрво, смоли, коноп, лен и риба исто така биле извезувани. Покрај овфа, друг извор на богатство биле пристаништата, како Дион, Пела, Солун, Касандреја.[1]
[уреди] Видете исто така
- Македон
- Демографска историја на Македонија
Римски провинции во 120 год. | ![]() |
---|---|
Азија | Апенински алпи | Арабија | Асирија | Африка | Ахеја | Битинија | Британија | Галација | Галија Аквитанија | Галија Белгика | Галија Лугдунензис | Галија Нарбонензис | Германија Инфериор | Германија Супериор | Дакија | Далмација | Египет | Епир | Ерменија Инфериор | Италија | Јудеја | Кападокија | Кипар | Киренаика | Комагена | Корзика и Сардинија | Котиски алпи | Ликаонија | Ликија | Хиспанија Луситанија | Мавританија Цезариензис | Мавританија Тингитијана | Македонија | Моезија | Норикум | Нумидија | Осороена | Панонија | Памфилија | Писидија ] | Понт | Приморски Алпи | Реција | Сирија | Сицилија | Софена | Тракија | Хиспанија Балеарес | Хиспанија Беатика | Хиспанија Тараконензис | |
edit |