Македонска Стрељба
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Македонска Стрељба е уметничко движење во Република Македонија слично на многу попознатото словенечко движење Нова Словенечка Уметност (на германски Neue Slowenische Kunst). Движењето се развива во средината на 80-те години на 20-от век со центар во Скопје и во него се вклучени видни фигури од македонската уметничка сцена, ангажирани во различни музички и театарски проекти. Заради проблеми со тогашната политичка структура, ова движење полека исчезнува и остатоци од неговото постоење денес се видливи единствено во работата на групата Мизар (трето откровение).