Македонско-одринско ополчение
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
Генералот Иван Фичев, со наредба од 26 септември 1912 година сите партизански чети и одреди формациски ги вклучил во составот на Македонско-одринското ополчение. Со тоа македонските партизански одреди и чети станале дел од бугарската армија и ја примиле нејзината организациона структура - одделенија, водови, чети. Со истата наредба, Штабот на партизанските одреди бил преименуван во Штаб на ополченските дружини, односно во Штаб на доброволни баталјони. За главен командант на Штабот е поставен генерал-мајор Никола Генев. Негов помошник е потполковник Александар Протогеров, а мајорот Петар Дрвингов е поставен за началник на Штабот. До 26 септември во 1912 година, Штабот на доброволните баталјони располагал со 6.500 доброволци и само со шест офицери.
Формацијата на доброволните баталјони ја изработил Дрвингов. Бројната состојба на баталјонот требало да изнесува 1.079 лица. Во еден баталјон имало четири чети од по 215 души, една неборбена чета и органи за опслужување. Борбените чети се состоеле од четири вода по 49 души и органи за опслужување. Водот се состоел од шест одделенија со по осум души. До крајот на септември во 1912 година, од македонската емиграција биле формирани пет баталјони: Дебарски, Скопски, Битолски, Охридски и Солунски. Од вкупниот број на формираните чети во Бугарија при крајот на септември во 1912 година, во Македонија биле префрлени 52 партизански чети, од кои 17 во Битолскиот округ, тполковник Стефан Николов, на втората потполковник Антон Пчеларов и на третата бригада потполковник Александар Протогеров. Во целост, Македонско-одринското ополчение се состоело од штаб, од три бригади од по четири баталјони, музика, воена болница, интендантска чета, огненострелачки парк, снабдувачки транспорт и инженерско-технички дел.
Вкупната бројна состојба на Македонско-одринското ополчение во пролетта 1913 година изнесувала 14.670 души, од кои 12.000 биле Македонци. По добивањето оружје од бугарската армија, Македонско-одринското ополчение веднаш било префрлено на фронтот во Тракија. На Тракискиот фронт Штабот на Македонско-одринското ополченство бил распуштен, а бригадите препотчинети. Првата бригада е ставена под команда на Хајреболскиот одред, втората добила задача да се концентрира југоисточно од Мустафапаша (денес Свиленград) и да настапува кон Димотика и Дедеагач. Третата бригада влегла во состав на Ѓумурџинската група, односно во Крџалискиот одред. На 7 ноември 1912 година започнале борбените дејства. Македонските доброволци, се покажале мошне борбени и успеале уште во првиот налет да ги принудат силите на Јавер-паша на повлекување, при што Турците имале бројни загуби. Во меѓувреме биле формирани уште три доброволни баталјони: Кукушкиот, Воденскиот и Штипскиот. Со нив била засилена секоја бригада со уште по еден баталјон.
Содржина |
[уреди] Број и состав на Ополчението
- Главен командант - генерал-мајор Никола Генев
- Помошник на главниот комантант - потполковник Александар Протогеров
- Началник на Штабот - мајор Петар Дрвингов
[уреди] Бригади
- Прва бригада, потполковник Стефан Николов
- Втора бригада, потполковник Антон Пчеларов
- Трета бригада, потполковник Александар Протогеров
[уреди] Баталјони
- Дебарски баталјон
- Скопски баталјон
- Битолски баталјон, потпоручик Владимир Каназирев
- Охридски баталјон
- Солунски баталјон, Димитар Атанасов
- Кукушки баталјон
- Воденски баталјон
- Штипски баталјон
- Кумановски баталјон
- Костурски баталјон
- Велешки баталјон
- Прилепски баталјон, Стојан Везенков
- Серски баталјон
- Велешки баталјон
- Лозенградски баталјон, Трифон Кунев
- Одрински баталјон
[уреди] Број
- 6.500 - 26 септември 1912 година
- 14.670 - пролетта на 1913 година (од нив 12.000 Македонци)