Македонско научно - литературно другарство во Санкт Петербург
Од Википедија, слободна енциклопедија
Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург (МНЛД) официјално е конституирано на 28 октомври 1902 год. со 19 потписници (К.П. Мисирков, Д.Д. Чуповски, Д.Т. Мишајков, Ст. Ј. Дедов, Г.К. Константинович и др.). При основањето го носи патронатот на свети Климент Охридски, а од 1903 г.(со „Уставот”) на Кирил и Методиј. Кон крајот на 1905 год. Другарството е неутрализирано, а од 1912 г. се појаува под нови имиња, но не успева да добие официјално признание од руските надлежни власти. Неговата дејност завршува во 1917 г. со Октомвриската револуција во Русија.