Марихуана
Од Википедија, слободна енциклопедија
Марихуана е име за дрога која ги вклучува лисјата и цветните делови на Индискиот Коноп, уште наречен Cannabis sativa. Марихуаната се пуши или џвака заради причинување на халуциогени ефекти или ефекти на возбудување. Активната состојка на марихуаната, позната како тетрахидроканибол е концентрирана на горните цветни делови на Индискиот Коноп. За марихуаната има многу жаргонски имиња како на пример трева, вутра, ганџа, грање итн.
Повеќето земји ја сметаат марихуаната како илегална супстанција, но одделни земји варираат со тоа како го казнуваат користењето и принадлежноста на дрогата. Некои земји налагаат благи казни, додека други налагаат сурови казни вклучувајќи го и лежењето во затвор. Иако за марихуаната не е докажано дека може да предизвика телесна зависност па и ако се прекине нејзиното користење, не се јавуваат никакви симптоми на телесна посвета, таа може да предизвика психолошка зависност со постојано и долго користење.
Позната е во централна Азија и Кина околу 3000 п.н.е и е главно користена како медикамент. Марихуаната почна широко да се користи во Америка во 60-тите и 70-те години и во тоа време станува втора најпопуларна дрога после алкохолот.
Многу корисници велат дека постојат две фази во дејството на марихуаната: почетна возбуда – која го вклучува замајувањето и еуфоријата – проследена со спокојство и пријатно чувство. Промените во однесувањето се често придружувани во сменети разбирања на времето и местото. Процесот на мислење е често нарушен од неполни идеи и мемории. Кај некои од корисниците се јавува зголемен апетит, потреба за благо, засилување на сетилното чувство и чувство на задоволство.
Негативните ефекти на марихуаната можат да вклучат збрканост, акутни реакции, напади на беспокојство, страв, чувство на беспомошност и губење на самоконтрола. Хроничните корисници на марихуаната можат да развијат т.н. амотивационен синдром кој се карактеризира со пасивност, намалена мотивација и преокупација кон земање на дроги. Како што е случај со дејствието на алкохолот, дејствието на марихуаната може да го растрои размислувањето, разбирањето, меморијата, говорот, способноста за решавање на проблеми и времето на реакција. Последиците од долго користење на марихуаната се уште не се одредени, а не постојат докази дека марихуаната може да ги уништи мозочни клетки.
Марихуаната може да биде корисна во борбата против непријатните и болни симптоми кај некои медицински состојби. Некои луѓе мислат дека марихуаната може да го подобри апетитот и да го спречи намалувањето на телесната тежина кај луѓето болни од СИДА. Други размислуваат дека марихуаната го намалува очниот притисок кај луѓето со глауком. Исто така може да го намали гадењето причинете од раковата хемотерапија и третманите со радијација. Луѓето кои страдаат од овие и од други хронични заболувања тврдат дека марихуаната ги намалува болките додека другите медикаменти не.