Математичка статистика
Од Википедија, слободна енциклопедија
Математичката статистика се користи со теоријата на веројатност и други гранки на математиката за изучување на статистика од чисто математички агол.
Математичка статистика е предмет на математиката кој се занимава со здобивање со информации од податоци. Во практиката податоците често содржат извесна случајност или неизвесност. Ститистиката се справува со ваквите податоци со користење на теоријата на веројатност.
Статистиката се дели на:
- описна статистика: делот на математичката статистика кој ги опишува податоците, т.е. кој ги резимира податоците и нивните типични особености.
- инференцијална статистика: делот на математичката статистика кој извлекува заклучоци од податоците, т.е. проверува дали податоците исполнуваат извесен услов и дава гаранции воочи дадената неизвесност.
Математичката ститистика претставува теоретска основа за многу методи на применетата статистика.
[уреди] Навод
- Borovkov, A. A. (1999). Mathematical Statistics. Taylor & Francis.
Главни полиња на математиката | Уредете |
---|---|
Алгебра | Апстрактна алгебра | Линеарна алгебра | Анализа | Функционална анализа | Нумеричка анализа | Виша анализа | Геометрија | Диференцијални равенки | Теорија на категориите | Комбинаторика | Алгебарска геометрија | Логика | Оптимизација | Статистика | Теорија на броевите | Теорија на множествата | Веројатност | Топологија | Алегебарска топологија |