Мачуково
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мачуково (грчки: Ευζώνοι) е село во Егејска Македонија во непосредна близина на градот Гевгелија и македонско-грчката државна граница, на која претставува граничен премин од грчката страна.
[уреди] Местополжба и население
Селото е рамничарско и се наоѓа од десната страна на реката Вардар на надморска височина од 42 метри. Во непосредна близина на Мачуково поминуваат меѓународниот автопат Е-75 и железничката пруга Скопје - Солун. Мачуково има околу 200 жители потомци на грчки доселеници (колонизирани во периодот на 1913 - 1922) кои најчесто се вработени во граничните и царинските служби на граничниот премин кон Македонија. Според статистиката на бугарскиот патеписец Васил К'нчов кон крајот на 19 век Мачуково било населено со 1300 Македонци кои во неговите записи се запишани како Бугари ([1]). Според Стојан Киселиновски (во книгата „Етничките промени во Македонија (1913-1995) до 1922 година селото било населено исклучиво со Македонци, кои поради грчкиот терор и насилно иселување, се имаат преселено преку границата во Гевгелија, Моин, Богородица и другите гевгелиски села сместени блиску до граничната линија.
[уреди] Личности
- Сава Михајлов - војвода во гевгелиско во текот на Илинденското востание и реонски раководител на ТМОРО за Гевгелија.
- Венијамин Мачуковски - македонски преродбеник и собирач на македонско народно творештво.
- поп Стамен (ок. 1800-1874) - учесник во преродбенската борба во Дојран