Мајбах
Од Википедија, слободна енциклопедија
Копманијата Мајбах-Моторенбау Д.О.О., основана од Вилхелм Мајбах и неговиот син Карл, бил германски производител на мотори за цепелини и подоцна големи луксузни автомобили. Компанијата влече корени од фирмата Дајмлер-Моторен-Гезелшафт (Дајмлер) дотолку што нејзиниот основач бил технички директор таму. Денес, компанијата е сместена во Штутгард, а марката ја поседува ДајмлерКрајслер. Во периодот помеѓи 1921 и 1940 год. ова фирма произведувала разни модели на луксузни класични возила.
За време на Втората Светска војна, фирмата почнала да произведува мотори за разни воени возила и оклопни возила како Панцер IV, Тигар I и Пантер.
Мајбах исто така поризведувал дизел мотори за поморски и железнички превоз. Некои од познатите дизел локомотиви со нивни мотори се германската V200 и Британска железница класа 52, т.н. „Westerns“.
Во 1960 год, Дајмлер-Бенц го купува големиот дел од акциите на Мајбах. Шест години подоцна, Мајбах-Моторенбау се спојува со гранката за тешки мотори на Дајмлер-Бенц заедно оформуваат нова компанија со име Мајбах Мерцедес-Бенц Моторенбау Д.О.О. Во 1969 год. пак, оваа фирма станува МТУ Фридрихсхафен.
Мајбах повторно заживеал како марка во раните 2000-ти под водство на Мерцедес-Бенц со производствотона нов модел во две варијации - Мајбах 57 и 62 (броевите ја означуваат должината на автомобилите во дециметри). Нивната цена се движи од 305,000 до 357,000 УСД и се наменети како конкуренти на Бентли и Ролс-Ројс. Во 2005 е додаден новиот 57S, со помоќен мотор и спортска козметика.
Содржина |
[уреди] Класични модели
- 1919 - Мајбах W1
- 1921 - Мајбах W3
- 1926 - Мајбах W5
- 1931 - Мајбах W6
- 1929 - Мајбах 12
- 1930 - Мајбах DS7 Цепелин
- 1931 - Мајбах DS8 Цепелин
- 1934 - Мајбах DSX
- 1935 - Мајбах SW35
- 1936 - Мајбах SW38
- 1940 - Мајбах SW42
[уреди] Современи модели
- 2002 - Мајбах 57/62
- 2005 - Мајбах Екселеро (Прототип представен на Меѓународната авто-изложба во франкфурт; сега за сега единствен примерок на тој модел)
- 2005 - Мајбах 57S (Ѕ означува „Специјал“, а не „Спорт“)
[уреди] Мотоцикли
- Мајбах HL230
[уреди] Надворешни врски
- Официјална веб-страна (англиски) (германски) (шпански) (холандски) (француски) (арапски) (јапонски) (руски)
- Клуб на сопственици (германски)
- Биографија на Вилхелм Мајбах (германски)
- Историја на Мајбах (англиски)
- Технички податоци за Мајбах-моторите и тенкот Тигар I (англиски)