Мето Јовановски (писател)
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мето Јовановски (роден во Брајчино, во 1928 година) е македонски раскажувач и романсиер. Бил претседател на Македонскиот ПЕН Центар. Бил и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а моментално е негов почесен претседател. На 9 ноември 2006 година заедно со Слаѓана Тасева ја основа невладината организација за борба против корупцијата, Транспарентност - нулта корупција.
[уреди] Творештво
Јовановски е автор на збирките раскази:
- „Јадреш“, 1956
- „Мени на мојата месечина“, 1959
- „Првите човекови умирања“, 1971
- „Патот до осамата“, 1978
- „Крстопат кон спокојот“, 1987
- „Љубовта на Грифонот“, 2005.
На романите:
- „Хајка на пеперутки“, 1957
- „Слана во цутот на бадемите“, 1965
- „Земја и тегоба“, 1968
- „Сведоци“, 1970
- „Будалетинки“, 1973
- „Орловата долина“, 1979
- „Крлежи“, 1984 и
- „Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992.
На книгите за деца:
- „Љуман Арамијата“, 1954 и
- „Војвода над војводите“, 1980.
Автор е и на патеписот „Клучевите на Манхатан“, 1983, а има напишано и радио и тв драми. Составувач е на антологијата „Една друга Америка“, 1978 и на лексиконите „Кој е кој, што е што“, 1963 и „Мал литературен лексикон“, 1971.
Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици. Преведува од англиски и руски јазик.