Мис Бикини на Универзумот
Од Википедија, слободна енциклопедија
Мис Бикини на Универзумот е избор на убавици со најубаво тело. Секоја година најубавите девојки од универзумот му се придружуваат на изборот. Најпознат победник е Дијана Старкова од Украина. Таа беше крунусана 2003та година и стана меѓународен супермодел за многу кратко време.
[уреди] Мис Бикини на Универзумот 2006
Олена, Мисот од Украина, го победи „Мис Бикини на Универзумот“. Вкупно 48 убавици се наптреваруваа на Сребрената Плажа во Бејхај, во јужната кинеска Автономна Област Гуанси Џуанг. Изборот почна на 22. август 2006, а финалето се одржи на 26. август.
[уреди] Мис Бикини на Универзумот 2005
Мисот на Македонија, Марјана Станојковска, беше крунусана за „Мис Бикини на Универзумот“ во завршницата на изборот за „Мис Бикини на Универзумот“ во Бејхај, познато летно одмаралиште во југозападната кинеска Автономна Област Гуанси Џуанг, на 30. јули 2005. Марјана има завршено Уметност во Средното Уметничко Училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје. Таа се бави и со манекенство. Работи за скопската агенција „Моделс Ин“.
Мисот на Турција, Дениз Сирин, и Мисот на Русија, Олга Шилованова се првата и втората придружничка на Марјана. Олга Шилованова (19) од Карков го победи „Мисот на Украина за Мис на Светот 2006“ во Киев и таа ќе ја претставува Украина на изборот за „Мисот на Светот за 2006“ во Варшава.