Никола Беровски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Никола Беровски (Битола, 1923 - Тирана, 1993) е македонски просветител кој целиот работен век го минал меѓу Македонците во Албанија.
Познат во македонската јавност како „учителот од Пустец“, Беровски долги години работел како учител во селата на долна Преспа, во Корча и Тирана. Има големи заслуги како автор на бројни учебници на македонски јазик за Македонците во Албанија. Уште за време на животот станал легендарен заштитник на македонскиот национален идентитет.
Една од организациите на Македонците во Албанија го носи името Фондација „Никола Беровски“.