Никола Мартиноски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Никола Мартиноски е роден во 1903 год. во Крушево, а умрел 1973 год. во Скопје. Завршил школа за убави уметности во Букурешт 1927 год. Во Париз (1927-1928) ги посетувал Academie de la Grande Chaumiere и Academi Ranson (професорите Ж. Бисиер, Кислинг, де Ла Пателјер).
Бил член на предвоена белградска група "Облик", директор и професор на Училиштето за применета уметност, директор на Уметничката галерија во Скопје, член а МАНУ и др. Имал повеќе самостојни изложби пред и по војната (прва во 1929) во Скопје, Белград, Загреб, Љубљана, Париз, Дижон и др. места. Групно излагал (од 1927) во многу европски земји и во земјата со слики, цртежи и графики (на графичките и цртачките биеналиња во Лугано, Риека), на изложбата "Уметноста на тлото на Југославија", Париз 1971 и т. н. Пред војната изработил неколку мурали во Скопје.
[уреди] Награди
Октомвриска награда за животно дело, 1964 год., наградата АВНОЈ, 1967 год. и др.