Општи ЧПП
Подолу се дадени одговорите на општите често поставувани прашања за Википедија - што е Википедија, кој ја поседува, кој ја пишува и слично.
[уреди] Што е Википедија?
- Википедија е он-лајн енциклопедија со слободна содржина која секој може да ја уредува. Еден од косоздавачите на Википедија, Џимбо Вејлс, ја опиша Википедија како "обид да се создаде и дистрибуира повеќејазична слободна енциклопедија со највисок квалитет за сите поеднци на планетава на нивниот сопствен јазик". Википедија постои за да му донесе знаење на секој кој ја користи.
[уреди] Кој ја поседува Википедија?
- Википедија е менаџирана од непрофитната организација Фондација Викимедија, која исто така менаџира со сестрините проекти на Википедија, вклучувајќи ги Викиречник, Викикниги и други, и ги поседува нивните имиња. Претходно, овој сајт беше хостиран на серверите на Bomis, Inc., компанија која е највеќе поседувана од Џими Вејлс. Со прогласувањето на Фондацијата Викимедија на 20 јуни, 2003 година, поседувањето на сите имиња на проектите, како и техничката опрема беа трансферирани на фондацијата. Сајтот се води од страна на заедницата на Википедијанци кои се водени од принципите од Џими Вејлс, секако, со приврзаност кон неутрална гледна точка.
- Статиите кои се хостираат на овој сајт се објавуваат од страна на нивните автори под ГНУ Општа Јавна Лиценца (или слободна лиценца), така што статиите се со слободна содржина и можат да се репродуцираат слободно под истата лиценца. Видете Википедија:Авторски права и Википедија:Читателски често поставувани прашања за тоа како можете да ја користите содржината на Википедија.
[уреди] Кој е одговорен за статиите на Википедија?
- Вие сте! Всушност, можете дури и да ја уредувате оваа страница! Бидејќи постојат многу други Википедијанци, ова е колаборативен проект. Многу луѓе допринесуваат со своите информации за различни делови од овој проект и секој може да го направи тоа, вклучувајчи те и тебе. Сè што треба да знаеш е како да уредиш страница и да имаш малку енциклопедиско знаење кое сакаш да го споделиш. Енциклопедијава им дава на своите корисници извесен степен на слобода.
- Можеш да дознаеш кој е одговорен за најскорешната верзија на секоја страница со кликнување на врската "Историја". Како и да е, доколку забележиш грешка во најскорешната ревизија на една статија, ти си охрабрен да бидеш смел и да ја поправиш истата. Оваа практика е една од основните механизми кои ја одржуваат точноста на енциклопедијата. Како резултат на тоа, Википедија постана една од најопширните информациони библиотеки на Интернет.
- Доколку сте несигурни или ве збунуваат зборовите, цитирајте го материјалот на соодветната страница за разговор и поставете прашање за останатите уредници. Ова помага при брзото отстранување на грешки, неточности или погрешни зборови и е доста ценето од заедницата.
[уреди] Што е Нупедија?
- Нупедија беше поформален енциклопедиски проект кој ја претставуваше Википедија. Денес тој не постои.
|