Општина Карпош
Од Википедија, слободна енциклопедија
Општина Карпош е скопска општина.
Општина во Република Македонија | |
---|---|
Карта | |
|
|
Знаме | Грб |
|
|
Име: | Карпош |
Седиште: | Град Скопје |
Површина: | 105 km² |
Население: | 58359 |
Густина: | 1.694,58 жители на km² |
Број на населени места: | 2 |
Населени места: | Селата: Бардовци и Горно Нерези |
Адреса на седиште: | Бул. Партизански одреди 68 1000 Скопје |
Телефон: | 02 3061-353, 02 3061-425 |
Факс: | 02 3062-925 |
Веб страница: | [1] |
Е-Пошта: | komunikacija@karpos.gov.mk |
Претставници | |
Градоначалник | Андреј Петров |
Претседавач | - |
Членови на совет | 23 |
Содржина |
[уреди] Географиja
Реки: Низ општината тече реката Вардар, а на еден дел од општината тече и реката Лепенец.
Езера: Нема
Планини: Дел од планината Водно.
Термални води: Нема
Руди, минерали: Нема
[уреди] Историja
Општината Карпош е формирана на 8 ноември 1976 година со Законот за образување на општини на Град Скопје и за утврдување на нивните подрачја ("Службен весник на СРМ" бр.8/76). Во првиот состав на Општината, Претседател на Собранието на Општина Карпош беше Ристо Попески, а Претседател на Извршниот совет на Собранието на Општина Карпош беше Крсте Сарџовски.
Најголемиот дел од подрачјето на кое е формирана општината го носело името Карпош кое е заедничко име (прекар) на две значајни личности од историјата на Македонскиот народ:
- Карпош - војвода, кој во 1689 година бил водач на селското востание од Кривопаланечкиот и Кумановскиот крај и се борел против турските феудалци - паши (Карпошево востание). Востанието било задушено, а Карпош бил заробен, набиен на колец, избоден со копја, по што од Камениот мост во Скопје Турците го фрлиле во реката Вардар.
- За да не се заборави името на Карпош тоа име го земал Христијан Тодоровски - народен херој на Македонија од НОБ, голем син на Куманово и легендарен партизански командант во Североисточна Македонија. Тој храбро загина на 7 февруари 1944 година, во борба против фашистичката полиција во селото Билјача.
По кажување на еминентни македонски историчари името на Општината Карпош не може да се поврзе само со една од овие две значајни историски личности, со оглед на тоа дека самото име Карпош асоцира на монолитност и истрајност на Македонскиот народ за сопствена држава и сопствен национален идентитет.
[уреди] Економија
[уреди] Демографија
Национална структура:
Македонци 52.943 ( 88,52 % )
Срби 2.195 ( 3,67 % )
Албанци 1.952 ( 3,26 % )
Роми 615 ( 1,03 % )
Власи 407 ( 0,68 % )
Турци 334 ( 0,56 % )
Други 1.364 ( 2,28 % )
Вкупно 59.810 100 %
[уреди] Општествени институции
[уреди] Администрација и политика
[уреди] Културни и природни знаменитости
Општината Карпош е мошне богата со културно-историски споменици.
На нејзиното подрачје се наоѓале/наоѓаат ретки споменици на македонската култура и традиција, а најзначајните настани од борбата за национална и социјална слобода на македонскиот народ се обележани со повеќе споменици и спомен-обележја:
Св. Пантелејмон - манастир со црква, задужбина на Алексеј Комнин. Се наоѓа во с. Горно Нерези. Подигнат е во 1164 година. Црквата претставува петокуполна градба врз крстообразна основа, со три апсиди и правоаголен нартекс. Градена е од кршен камен и тули. Посебна уметничка вредност има фрескоживописот, реализиран од сликар повикан од Цариград. Сликите што ги украсуваат ѕидовите претставуваат ремек-дело на уметничките текови од XII век и се предвесник на италијанската сликарска ренесанса. Од тој корпус, најпозната е композицијата "Оплакувањето на Христос". Во 1555 година, како последица од земјотрес, се урнала централната купола на црквата и највисоките сводни површини околу неа. Денешниот живопис на овој простор е од втората половина на XIV век.
Во подножјето на Зајчев Рид, од левата страна на реката Вардар, во непосредна близина на населбата Злокуќани, се наоѓа античкиот град Скупи, дервниот предок на Скопје. Пред доаѓањето на Римјаните на овие простори, градот бил населен од познатото племе Дарданци, а со населувањето на Римјаните овој град прераснал во колонија со што започнал општиот развиток и процвет. Скупи се наоѓал на една важна сообраќајница која ги поврзувала Егеј и Средна Европа, а во помала мера и Тракија со Јадранското Море. Пронајдените историски податоци зборуваат дека во 313 година Скупи станал епископско седиште, а нешто повеќе од еден век подоцна и архиепископско. Овој град својот голем економски и културен подем го забележал во два различни временски периоди, првиот во I и II век, а вториот во раниот IV век по Христа. Пронајдените материјали и предмети го покажуваат различниот социјален статус на граѓаните на Скупи, неговите културни и економски белези кои говорат за еден град како значајна станица на патот Виа Егнатиа;
Во с. Долно Нерези се наоѓа споменик-пирамида посветен на паднатите борци од с. Долно Нерези. Споменикот се наоѓа до мостот на реката Вардар, на бул. "Партизански одреди";
Спомен-плоча во населбата Козле, која е поставена на местото каде што на 25 февруари 1944 година од бугарската полиција бил убиен македонскиот народен херој Кузман Јосифовски - Питу; и други.
[уреди] Редовни настани
[уреди] Личности
[уреди] Култура и спорт
[уреди] Иселеништво
[уреди] Надворешни врски
|
||
---|---|---|
Аеродром | Бутел | Гази Баба | Ѓорче Петров | Карпош | Кисела Вода | Сарај | Центар | Чаир | Шуто Оризари |