Град Скопје
Од Википедија, слободна енциклопедија
Град Скопје | |
![]() |
![]() |
Местоположба | |
![]() |
|
---|---|
Административна поделба на Скопје | |
![]() |
|
1: Центар (Центар) |
6:Бутел (Бутел) |
2:Гази Баба (Гази Баба) |
7:Шуто Оризари |
3:Аеродром | 8:Карпош |
4:Чаир | 9:Ѓорче Петров |
5:Кисела Вода | 10:Сарај |
Општи информации | |
Површина | 1818 km² |
Надморска височина | 240 |
Поштенски број | 1000 |
Повикувачки број | 02 |
Таблички | SK |
Градоначалник | Трифун Костовски |
Веб-сајт | [1] |
Население -Густина |
515,419 3603,94 жит/км² |
Град Скопје е посебна административна единица во Република Македонија која се состои од 10 Општини. Како таква единица, Скопје е главниот град на државата. Дел е од Скопски статистички регион (Скопски регион).
Поделбата на Град Скопје, како посебна единица на локална самоуправа е дефинирана во Законот за Град Скопје.
Град Скопје се граничи со Општина Чучер-Сандево и Србија на север, Општина Јегуновце и Општина Желино на запад, Општина Сопиште и Општина Студеничани на југ и Општина Илинден, Општина Липково и Општина Арачиново на исток.
10-те скопски општини се:
Општина | HASC[2] | Центар на Општината | Површина (km2) |
Население (2002) |
---|---|---|---|---|
Аеродром | MK.AD | Аеродром | 21,85 | 72 009 |
Бутел | MK.BU | Бутел | 54,79 | 36 154 |
Гази Баба | MK.GB | Гази Баба | 110,86 | 72 617 |
Ѓорче Петров | MK.GP | Ѓорче Петров | 66,93 | 41 634 |
Карпош | MK.KX | Карпош | 35,21 | 59 666 |
Кисела Вода | MK.VD | Кисела Вода | 34,24 | 57 236 |
Сарај | MK.AJ | Сарај | 229,06 | 35 408 |
Центар | MK.CE | Центар | 7,52 | 45 412 |
Чаир | MK.CI | Чаир | 3,52 | 64 773 |
Шуто Оризари | MK.SO | Шуто Оризари | 7,48 | 22 017 |
Град Скопје | Вкупно | 1 818 | 515 419 |
Содржина |
[уреди] Демографија
Според пописот од 2002 [3], Скопје има 506,926 жители. Најбројна етничка група се македонците со 66.75% од населението, а потоа албанците (20.49%), ромите (4.63%), србите (2.82%), турците (1.70%), бошњаците (1.50%) и власите (0.50%).
97.5% од населението над 10 годишна возраст е писмено.
[уреди] Историја
- Во 1945 со закон, Македонија територијално се организира во 4 области, 32 подобласти и 894 народни општини.
- Од 1949 до 1952 се донесуваат шест закониза територијална организација.
- Во 1952 бројот на општините паѓа од 223 на 86, а на подобластите од 18 на 7.
- Во 1957 има 7 подобласти и 73 општини во 1965.
- Во 1965 со законот кој ги дефинирал границите на општините во СРМ, подобластите се укинуваат и бројот на општините станува 32.
- Од 1976 до 1996 Скопје е организирано како посебна социополитичка заедница од 5 општини: Гази Баба, Kарпош, Кисела Вода,Центар и Чаир.
- Од 1996 до 2004 Скопје се дефинира како посебна единица на локална самоуправа и има 7 општини: Гази Баба, Карпош, Кисела Вода,Центар, Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров.
[уреди] Белешки
- ↑ Хиерархиски кодови на административна поделба (HASC): поврзани со ISO субнационални кодови (сеуште недефинирани за македонските општини)
- ↑ Резултати од пописот на македонски и англиски (PDF)
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
![]() |
|
![]() |
---|---|---|
Арачиново | Берово | Битола | Богданци | Боговиње | Босилово | Брвеница | Валандово | Вевчани | Василево | Велес | Виница | Вранештица | Врапчиште | Гевгелија | Гостивар | Градско | Дебар | Дебарца | Делчево | Демир Капија | Демир Хисар | Долнени | Другово | Желино | Зајас | Зечениково | Зрновци | Илинден | Јегуновце | Кавадарци | Карбинци | Кичево | Конче | Кочани | Кратово | Крива Паланка | Кривогаштани | Крушево | Куманово | Липково | Лозово | Маврово и Ростуша | Македонска Каменица | Македонски Брод | Могила | Неготино | Новаци | Ново Село | Осломеј | Охрид | Петровец | Пехчево | Пласница | Прилеп | Пробиштип | Радовиш | Ранковце | Ресен | Росоман | Сопиште | Стар Дојран | Старо Нагоричане | Струга | Струмица | Студеничани | Свети Николе | Теарце | Тетово | Центар Жупа | Чашка | Чешиново-Облешево | Чучер-Сандево | Штип
Град Скопје • Аеродром | Бутел | Гази Баба | Ѓорче Петров | Карпош | Кисела Вода | Сарај | Центар | Чаир | Шуто Оризари |
![]() |
|
|
---|---|---|
Аеродром | Бутел | Гази Баба | Ѓорче Петров | Карпош | Кисела Вода | Сарај | Центар | Чаир | Шуто Оризари |