Ораторство
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ораторство е науката за елоквенција во говорењето. Во Стара Грција и Стариот Рим, ораторството се изучувало како дел од реториката (т.е. составување и држење на говори), и било важно за приватниот и јавниот живот. Аристотел и Квинцилијан расправале за ораторството, и неговата тема, со предодредени правила и модели, кои биле нагласени како дел од едно „комплетно образование“ за време на Средниот век и Ренесансата, иако ова генерално се однесувало за Црквата.
Со развојот на собранијата (парламентите) во XVIII в. се јавиле големите политички говорници; способноста за ефективна употреба на зборови е една од главните алатки на политичарите, и често прави голема разлика во нивните кариери. При средината на XX в. ораторството станало помалку помпезно, а повеќе разговорно; на пример, „крајогнишните разговори“ на претседателот Франклин Д. Рузвелт.
[уреди] Видете исто така
- Говорништво
- Стилски изразни средства