Паралелни животи
Од Википедија, слободна енциклопедија
Плутарховите Животи на благородните грци и римјани е збирка биографии на славни личности, наредени во парови за да се истакнат нивните заеднички доблести и пропусти. Зачуваните Паралелни животи содржат 22 пара биографии, од кои секој пар има по еден стар грк и еден римјанин, како и четири неспарени, засебни животи. Ова е дело од значителна важност, не само како извор на информации за секоја личност, туку и како увид во времето во кое тие живееле.
Како што обасјува во првиот параграф во Животот на Александар, Плутарх нема за цел да пишува истории како такви, туку да го исражи влијанието на карактерот (добар или лош) врз животите и судбините на славните луѓе. Првиот пар Животи, Епаминонд-Скипион Африкански, повеќе не постои, а многу од постоечките животи се скратени, содржат очигледни лакуни и/или биле менувани од подоцнежни писатели.
Животот на Александар е еден од петте зачувани второстепени или третостепени извори за Александар III Македонски и содржи анегдоти и описи на случки кои ги нема во ниеден друг извор. Така, портретот на Нума Помпилиј, ран римски крал, исто така содржи важни информации за првобитниот римски календар.
[уреди] Белешка
Бидејќи Плутарх бил грк, тој ги ставил неколкуте македонци во делово под „Грци“, а не во посебна категорија. Иако тие во книгата стојат само како „Грци“, тука се наведени како „Грци и Македонци“ заради историска точност.
[уреди] Биографии
Плутарх ги структуирал неговите Животи со наизменични животи на славните грци со животите на славните римјани. По ваков пар (и една четворка), Плутарх генерално пишува споредби на претходните биографии.
Во таблицава подолу стојат врски за неколку он-лајн верзии на Плутарховите Животи; исто така видете го поднасловот „Други врски“ подолу.
- D
Драјден е првиот главен уредник на целосен англиски превод на Плутарховите Животи. Овој превод од XVII век може да се најде на The MIT Internet Classics Archive. Во таблицава подолу, надворешните врски обележани со D директно водат до поединечни биографии (и споредби) според содржината на тој веб-сајт.
- G
Проект Гутенберг каде се наоѓаат неколку верзии на преводи на Животите од XIX век, видете: http://www.gutenberg.org/catalog/world/authrec?fk_authors=342 и http://www.gutenberg.org/etext/14114
Полна текстуална верзија (TXT) на овој превод може да се најде на http://www.gutenberg.org/etext/674
За достапните HTML изданија на веб-сајтот на Гутенберг, надворешните врски се обележани со G на таблицава подолу и директно водат кон соодветниот дел од делото.
- L
Веб-сајтот LacusCurtius има Лебов превод (издаден 1914‑1926) на неколку дела на Плутарх, од кои Животите на сите римјани (и неколку грци), видете http://penelope.uchicago.edu/Thayer/E/Roman/Texts/Plutarch/home.html
Достапните преводи се обележани со L во таблицава подолу.
- P
Perseus Project има неколку Животи, видете: http://www.perseus.tufts.edu/cache/perscoll_Greco-Roman.html
Животите на веб-сајтот на Perseus се на грчи и англиски според изданието на Бернандот Перен; и/или на англиски според скратената верзија на Томас Норт. Ова последно издание се задржува на оние Животи на кои Шекспир ги засновал своите драми.
Овие изданија од Perseus се обележани со P.
|
|
|
[уреди] Други врски
- Плутарховиот „Живот на Александар“, Драјденов превод (pdf) (англиски)
- http://www.e-classics.com/ (англиски)
Плутарховите Животи на благородните грци и римјани |
---|
Алкивијад и Кориолан - Александар Македонски и Јулиј Цезар - Арат & Артаксеркс и Галба & Ото - Аристид и Катон Постариот |
Крас и Никиј - Деметриј и Антониј - Демостен и Цицерон - Дион и Брут - Фабиј и Перикле - Лукул и Кимон |
Лисандер и Сула - Нума и Ликург - Пелопида и Марцел - Филопојмен и Фламинин - Фокион и Катон Помладиот - Помпеј и Агесилај |
Попликола и Солон - Пир и Гај Мариј - Ромул и Тезеј - Серториј и Евмен |
Тибериј Грах & Гај Грах и Агис & Клеомен - Тимолеон и Емилиј Павле - Темистокле и Камил |