Пајонија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пајонија е античка држава и област која се наоѓала на местото на денешна Источна Македонија, односно се протегала источно од Велес, преку целата долина на реката Брегалница преку Овчеполието и Штип до Кочани и западните и северните падини на Плачковица и Осоговските планини и потоа продолжувала се до долината на реката Струма. Најбројно население биле античкиот народ - Пајонци. За време на владеењето на македонскиот цар Филип II Македонски (татко на Александар Македонски) Пајонија била освоена и станала составен дел на Македонското царство.