Свети Николе
Од Википедија, слободна енциклопедија
Свети Николе е град во централниот дел на Република Македонија, во котлината Овче Поле и е центар на Општина Свети Николе.
Содржина |
[уреди] Наеление
Според пописот од 2002 година, градот Свети Николе брои 13746 жители, од кои:
- Македонци 13367 (97,24%)
- Турци 80
- Роми 72
- Власи 149
- Срби 52
- Бошњаци 1
- oстанати 25
[уреди] Економија
Населението претежно се занимава со земјоделство, а од индустријата застапени се прехранбената, текстилната и индустријата за градежни материјали. Од прехранбената индустрија застапени се месната индустрија (МИК Свети Николе), индустријата за конзервирање на зеленчук и овошје, пекарската, млечната индустрија, индустријата за дехидриран зеленчук, индустрија за ферментација на тутун и индустрија за сточна храна, со што процесот на земјоделско производство целосно е заокружен. Од земјоделските култури најзастапени се: житните култури, индустриските, раноградинарските култури и виновата лоза, а од сточниот фонд: овчарството, говедарството, свињарството, живинарството и пчеларството.
[уреди] Историја
Најстари жители на овие краишта биле Пеонците, кои го населувале просторот меѓу реките Аксиј (Вардар) и Стримон (Струма).
Свети Николе, како централно место на поголемиот дел од Овче Поле, како населба датира уште од античкиот период. Првобитно населбата била лоцирана североисточно од денешната црква Свети Стефан. Поради мочурливото земјиште и нездравите услови за живот во крајот на 3 век п.н.е. населбата била дислоцирана на десната страна на Светиниколска Река, во месностите: Рудина, Свети Спас и денешно Рецко маало во градот. Најверојатно античкото име на населбата било Пробатон. Во 7 век таа го променила името во Овче Поле. Во средновековните пишани извори, прв пат, Овче Поле како населба (тврдина), и пошироко, Овчеполието како област, се споменува во 13 век. Во 1246 г. никејската војска, покрај другите места во Македонија, го зазела и Овче Поле.
Во 1292 г. во населбата, која се уште го носи името Овче Поле, била изградена црквата посветена на чудотворецот свети Николај. За црквата е поврзана легендата за чудотворното излекување на Стефан Дечански,,... И на Овчем Полѣ свети Никола очи ѣму дарова въ црьквi ...".
Свети Николе се споменува и во даровницата на браќата Дејановци од 1378 г., со која се потврдуваат даровите на манастирот свети Пантелејмон во Света Гора.
Во пописниот тапу дефтери на Ќустендилскиот санџак од 1570 г., Свети Николе е именувано со И-с-в-и Н-и-к-о-л-а. Во шеесетите години на 17 век, турскиот патеписец Евлија Челебија на два пати престојувал во Свети Николе.
[уреди] Легенда за потеклото на името Свети Николе
Според некои постои една легенда поврзана за ова место: во Свети Николе постоеле околу 40 цркви најубава и единствена која останала е црквата Св.Никола затоа и името на овој град е Свети Николе.
Берово · Битола · Богданци · Валандово · Велес · Виница · Гевгелија · Гостивар · Дебар · Делчево · Демир Капија · Демир Хисар · Кавадарци · Кичево · Кочани · Кратово · Крива Паланка · Крушево · Куманово · Македонски Брод · Македонска Каменица · Неготино · Охрид · Пехчево · Прилеп · Пробиштип · Радовиш · Ресен · Скопје · Струга · Струмица · Свети Николе · Тетово · Штип