Петар Драганов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Петaр Драганов (1857 - 1928) е руски филолог, славист и македонист. По потекло е Бугарин од Бесарабија. Студирал историја и филологија на универзитетот во Санкт Петербург.
По покана од Бугарската егзархија, од 1885 до 1887 година работи като професор во Солунската бугарска машка гимназија.
Во Солун доаѓа како приврзаник на бугарскиот став за македонскиот како дел од бугарскиот национален идентитет. Но, по обемните етнографски истражувања во Македонија, изградува сопствени ставови за етничкото потекло и културниот идентитет на Македонците. Според Драганов, Македонија претставува засебна етнографска целина на Балканот, исто како што македонските говори се дел од посебен македонски јазик. Поради ваквите негови ставови кои биле во директен судир со теориите на неговите бугарски работодавачи, Драганов се враќа во Русија каде преку бројни написи и предавања ги поставува темелите на македонистиката во Русија.