Петар Поп Арсов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Петар Поп Арсов (Петар Попарсов) (14 август 1868 - 1 јануари 1941) е македонски револуционер, основоположник на Македонската револуционерна организација, долгогодишен член на ЦК на ТМОРО, задграничен претставник на организацијата, автор на нејзиниот прв Устав и автор на познатата публикација “Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници”.
Роден е во Богомила на 13 август 1868 година. Учел во Велес, Солун и Белград. Во Софија студирал на Филозофско-историскиот факултет заедно со бројна македонска интелигенција: Даме Груев, Крсте Петков Мисирков, а подоцна и со Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Меѓу нив во 1892 година созреала идејата за создавање Млада македонска книжовна дружина која го издавала списанието „Лоза“. Нивна задача била да ја негуваат, развиваат и усовршуваат националната мисла на Бугарите во Македонија. Набрзо, заради својата активност и борба против владата на Стефан Стамболов Петар Поп Арсов е протеран од Бугарија и работи како бугарски учител во Солун, Велес, Прилеп и др. Во 1893 година во Солун ги поставува темелите на ВМРО. Во 1897 година е осуден на 101 години робија. Амнестиран е во август 1902 година. На Рилскиот конгрес е избран за член на Задграничното претставништво на ВМРО - во Софија.
Умрел на 1 јануари 1941 година во Костенец, Бугарија.