Петар Ширилов
Од Википедија, слободна енциклопедија
Петар Ширилов (1934 - 1988) e раскажувач, романсиер и литературен критичар. Роден е на 18 мај 1934 година во с. Горничево, Егејска Македонија. Починал на 5 септември 1988 година во Скопје. Завршил средно земјоделско училиште во Струмица. Студирал на Филозофски факултет во Скопје. Работел во културната рубрика на Радио Скопје, а потоа како новинар-уредник во весникот „Трудбеник“. Член на ДПМ од 1964 година.
[уреди] Литературно творештво
- За детството и светулките (раскази, 1961)
- Заветрина спроти виулицата (роман, 1962)
- Плачат оние планини за мене (роман, 1965)
- Светогорци (роман, 1966)
- Бунт во каменот (раскази, 1966)
- Од болот до метафората (есеи, 1971)
- Црноборје (роман, 1972)
- Историја и револуција (огледи и студии, 1973)
- Мислата и делото на Димитар Митрев (монографија, 1974)
- Земја во дулбија (роман, 1976)
- Света шума (роман, 1978)
- Геометри (раскази, 1988)