Пионерско вовче
Од Википедија, слободна енциклопедија
Пионерското вовче го добило името по кондуктерите кои биле пионери, деца на железничарите од блиската железничка колонија. Пионерите со железничка капа и пионерска марама биле одговорни за сигнализацијата за тргнување и застанување на возот.
Неговата траса била од почетната станицата „Стив Наумов“, во Градскиот парк во Скопје крај езерцето (денешната кафеана „Езерце“) низ густатата шума во тоа време на паркот, па по течението на Вардар и неговите плажи, преку железничкиот мост на Вардар до Ѓорче Петров и понатаму до излетничкото место Сарај и крајната станица „Борка Талевски“ во село Глумово покрај излетничкото место Матка на реката Треска.
Содржина |
[уреди] Историја
На 8 мај 1948 година се демонтира линијата со тесен колосек (600 mm) Скопје – Ѓорче Петров, а потоа и кон Гостивар.
Шините, праговите, локомотивите и вагоните се префрлуваат за ново трасирање на потегот од Градскиот парк во Скопје до Глумово покрај излетничкото место Матка.
На 21 јули 1948 година, градено во само два месеца, свечано е пуштено во сообраќај Пионерското вовче, од почетната станица во Градскиот парк денеска наречено Езерце.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- Пионерско вовче од теснолинејка во Македонија
- „Ќиро“ експонат во Градскиот парк Вест 17 април /2001
- Пионерското вовче нема да се врати кај „Езерце“ Дневник, 22 јануари 2002
- Пионерското вовче ќе се паркира во Градскиот парк Вест, 18 март 2006
[уреди] Примери за зачувана традиција и туристичка атракција
- Waldeisenbahn Muskau Пример за туристичка атракција во Германија каде се употребуват истите локомотиви (кај нас наречени „Пампур“) кои беа во употреба во Македонија до 1969 година (германски)
- South Tynedale Railway Пример за туристичка атракција со теснолинејка од 600 mm во Англија (англиски)
- Le P'tit train de la Haute Somme Пример за туристичка атракција со теснолинејка од 600 mm во Франција (француски)
- Östra Södermanlands Järnväg Пример за туристичка атракција со теснолинејка од 600 mm во Шведска (шведски)
, (англиски)
- SchBB Пример за туристичка атракција со теснолинејка од 600 mm во Швајцарија (англиски), (германски), (француски)