Радован П. Цветковски
Од Википедија, слободна енциклопедија
Радован П. Цветковски е роден на 3 септември 1931 година во село Сопотница, Демирхисарско.
Се има пројавено како поет, раскажувач, литературен критичар, писател за деца и млади, и фолклорист. Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво - Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија.