Ракови
Од Википедија, слободна енциклопедија
Ракови | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() Abludomelita obtusata, истоног
|
|||||||
Научна класификација | |||||||
|
|||||||
|
|||||||
Branchiopoda
Cephalocarida Maxillopoda
|
Раковите (поттипот Crustacea) се главно водни членконоги. Повеќето од 44,000 ракови се морски видови, но постојат и многу слатководни форми. Неколкуте групи кои го населуваат копното не се особено успешни во еволутивна смисла; на повеќето им треба многу влажна околина за да преживеат.
[уреди] Типови на ракови
Според големината, раковите можат да се поделат во две основни групи. Поголемата група, која е поделена на класите жаброноги (Branchiopoda), веслоноги (Copepoda), черупкари (Ostracoda) и цирипедии (Cirripedia), ги вклучува познатиот џуџест рак, јастогот, лобстерот и крабата. Помалата група вклучува видови кои се или микроскопски или достигаат до 5 cm во должина. Повеќето од помалите морски форми можат да се најдат во планктонот и затоа тие имаат важна позиција во морскиот синџир на исхрана. Други копеподи се храна за малите риби, а други постојат како паразити на кожата и жабрите на рибите. Најдобро познати од малите слатководни ракови се членовите на рoдот водни болви (Daphnia), потоа вилиниот џуџест рак (претставник од Phyllopoda кој плива превртен) и киклопот (веслоног). Редот истоноги (Isopoda) ја вклучува единствената голема група на вистински копнени ракови. Познати и како дрвни вошки, овие мали животни можат да се најдат под кората на дрвјата, под камења и карпи и во други влажни места. Кога се вознемирени, тие се свиваат армадиловидно, повлекувајќи се во егзоскелетот.
[уреди] Анатомија на раковите
Сите ракови имаат билатерално симетрични тела прекриени со хитински егзоскелет, кој може да биде тенок и варовников (како кај јастозите) или деликатни и транспарентни (како кај водните болви). Бидејќи егзоскелетот не расте, тој мора периодично да се менува кога животното подлежи на метаморфоза (обично од слободно пливачка ларва до адулт) или едноставно ја надминува големината на егзоскелетот. Карактеристиките на слободно пливачката ларва на раковите, наречена науплиус, има несегментирано тело, средно око и три пара на додатоци.
Како другите членконоги, возрасните ракови имаат сегментирани тела и зглобести нозе; сегментите се обично групирани во забележлива глава, торакс и абдомен. Кај повеќето поголеми ракови, главата и тораксот се фузирани во цефалоторакс, кој е заштитен со голема штитовидна област на егзоскелетот наречена карапакс. Главата носи два пара на антени, обично едно средно око и две странични очи, како и три пара на гризачки делови - мандибули и два пара на магзили. Телесните додатоци на раковите подлегле на екстензивни адаптации за различни задачи како пливање, сензорна рецепција и одење. Кај многу видови, првиот пар на торакални додатоци е модифициран во клешти. Жабрите обично се прикачени на основите на торакалните додатоци, а биењето на додатоците создава струење на водата низ жабрите со што се овозможува дишењето. Размножувањето е полово и повеќето видови се разделнополови. Во многу случаи јајце клетките лежат под абдоменалните сегменти на женката.