Ранофламанско сликарство
Од Википедија, слободна енциклопедија
Историја на холандското и фламанското сликарство | |
Ранофламанско (1400 – 1500) | |
Ренесансно сликарство (1500 – 1584) | |
„Златно доба“ (1584 – 1702) | |
Листа на холандски сликари | |
Листа на фламански сликари |

Ранофламанско сликарство или фламанска примитива (употр. во холандски и шпански) е израз кој означува група на сликари активни главно во Ниските Земји во XV и раниот XVI век. Периодот започнува околу времето на Хуберт ван Ејк и завршува со Жерар Давид. Овие сликари биле олицетворение истовремено на Средниот век и преодот кон Ренесансата.
Овој период е паралелен на Италијанската ренесанса, но стилски е различен. Обично се вели дека ова е раноренесансно или доцноготско сликарство.
Содржина |
[уреди] Поврзаност со италијанската рененсанса
Овој нов стил се јавил во Фландрија речиси истовремено со италијанската ренесанса. Мјасторите на овој стил биле многу почитувани во Италија, и веројатно имале поголемо влијание врз италијанската уметност отколку обратно. Ренесансата не вршела некакво значајно влијание на северот пред 1500. Меѓутоа, додека во Италија гледаме радикални промени во архитектурата, скулптурата и фиолсофијата, револуцијата во Фландрија била ограничена само на сликарството. За сликарството во периодот помеѓу 1500 и пред Осумдесетгодишната војна, видете Холандско-фламанско ренесансно сликарство
[уреди] Листа на сликари

- Алберт ван Ауватер (1444-1515)
- Дирк Баутс (ц. 1400/1415-1475)
- Хиронимус Бош (ц.1450 - 1516) - современик на ранофламанската школа, чиј стил е радикално различен и уникатен.
- Јос ван Васенхове наречен и Јустус Гентски (ц.1410-1480)
- Рогир ван дер Вејден (ц.1400-1464)
- Хуго ван дер Гес (1440-1482)
- Жерар Давид (ц.1455-1523)
- Жак Даре (ц.1404-1470)
- Јан ван Ејк (ц.1385–1441)
- Хуберт ван Ејк (ц.1366–1426)
- Јан Јест ван Калкар (ц.1450 - 1519)
- Робер Кампен, наречен и Флемалски мајстор (1378–1444)
- Петрус Кристус (ц.1410/1420-1475/1476)
- Браќа Лимбург (1385-1416)
- Мајстор на легендата за Св. Луција (1480-1510)
- Мајстор на извезените лисја (активен ц. 1480-1510)
- Симон Маримион (ц.1425-1489)
- Ханс Мелминг (ц.1430-1494)
- Муленски мајстор (активен 1480-1500) - некаде именуван Жан Хеј
- Гертген тот Синт Јанс (ц.1460–1490)
- Хуан де Фландес (ц.1460-ц.1519) - роден во Фландрија, активен во Шпанија
[уреди] Видете исто така
- Раноренесансно сликарство
- Холандска ренесанса
- Северна ренесанса
[уреди] Надворешни врски
- Ранофламански олтари - виртуелна тура (англиски)
- Фламански уметници во Италија - Ранофламански дела по порачка на италијански патрони. (англиски)
- Северна ренесанса - Уметниците и нивните дела - XV и XVI век. (англиски)
[уреди] Наводи
Видете ја англиската верзија на статијава.