Робин Худ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Робин Худ е архетипски лик од британскиот средновековен фолклор, одметник кој краде од богатите за да им даде на сиромасите. Главно оружје му е долг лак и стрела, кое му служи и како средство за ловокрадство.
„Веселата дружина“ на Робин Худ живее во Шервудската Шума, во близина на градот Нотингем во Англија. Робин најчесто е претставен како одметнат aнгло-саксонски благородник (Робин од Локсли) кој го заштитува населението од корумпираните норманските благородници. Шерифот од Нотингем и принцот Џон кои го користатат одсуството на кралот Ричард Лавовско Срце да ја узурпираат и злоупотребуваат власта.
Позитивните ликови поврзани со Робин Худ се Леди Маријана, Малиот Џон, Фратарот Так и трубадурот Вил Скарлет.
Легендата за Робин Худ е често искористувана како основа за холивудски филмови, од кои најпознати се оние во кои неговиот лик го играат Ерол Флин (1938) и Кевин Костнер (1991). Забележителна е и пародичната анимирана верзија од продукцијата на Волт Дизни (1973).