Филм
Од Википедија, слободна енциклопедија
-
- Оваа статија се однесува на филмовите како дел од уметноста. За други значења видете филм (појаснување).
Филм е поим кој се однесува на филмската уметност како индивидуален проект, како и полето воопшто. Потеклото на името доаѓа од фактот дека фотографскиот филм (исто така наречен и целулоиден филм) историски бил примарниот медиум за снимање и прикажување на делата на филмската уметност. Постојат други поими за индивидуален филм, вклучувајќи ги најпопуларните: големиот екран, кино и филмско платно.
[уреди] Историја
- Главна статија: Историја на филмот
За изумител на филмот се смета французинот Луј Ле Принс со неговиот прв краток филм Сцена од Раундхејската градина (1888). Ова е најраниот филмски запис во историјата.
За едни од пионерите на филмот се сметаат браќата Лимиер со еден од своите први филмови Пристигање на воз на станицата во Ла Киота (1895) додека првите кинематографи во Македонија, а воедно и на Балканот, се браќата Манаки со својот прв филм Баба Деспина (1905).
[уреди] Надворешни врски
- All Movie водич - Информации за филмови: актери, режисери, биографии, критики, учесници и заслуги за снимањата, информации за продажбата и други податоци.
- Филмски сајт - Критики на класичните филмови
- The Internet Movie Database (IMDb) - Информации за моменталните и историските филмови, како и листа на глумците.