Сахароза
Од Википедија, слободна енциклопедија
Сахарозата (трскен шеќер или обичен, кујнски шеќер) е дисахарид кој се состои од глукоза и фруктоза. Хемиското име на сахарозата е - D - глукозидо (1, 5) - - D - фруктозид (2, 5).
Сахарозата е многу распространета во растителниот свет, а најмногу ја има во шеќерната трска и шеќерната репка. Се произведува со екстракција и кристализација од овие растенија, кои и за таа цел се одгледуваат. Во светот се произведува околу 30 милиони тони сахароза годишно.
Сахарозата се топи на 184 степени, се распаѓа над точката на топење, потемнува и дава карамел. Лесно се раствора во вода. Не го редуцира Фелинговиот реагенс. Под дејство на ензимот инвертаза, сахарозата се дели на глукоза и фруктоза. За време на процесот варење (дигестија), сахарозата се дели во тенкото црево.