Свакопмунд
Од Википедија, слободна енциклопедија
Свакопмунд е град во Намибија со околу 35,000 жители. Тој е основниот плажен центар на Намибија. Воедно, тој претставува и едно од најзачуваните примери на германската колонијална архитектура во светот. Градот бил основан во 1892 како главно пристаниште на германската Југозападна Африка.
Повеќето од градовите и селата во Намибија постанале од домородни населби и најчесто се наоѓаат блиску до извори на вода. Имињата на местата дадени од домородните жители се многу описни и во многу случаи овие имиња биле задржувани од европските колонизатори, кои понекогаш го упростувале изговорот на истите. Намското име за Свакопмунд било "Tsoakhaub", кое се однесува на водите од реката Свакоп кога таа е надојдена, носејќи притоа огромни количества на кал, песок, делови од вегетацијата и животински тела во Атлантскиот Океан.
Намското име беше сменето во "Свашауб" од страна на германските доселеници, а со прогласувањето на Свакопмунд за независна област од германската Југозападна Африка во 1896, денешниот начин на пишување на името на Свакопмунд дојде во употреба.
[уреди] Историја
Свакопмунд е основан во 1892 година, две години покасно од Виндхук, од Капетан Курт фон Франсоа. Тој бил наменет за главно пристаниште на германска Југозападна Африка. Зголемениот сообраќај помеѓу Германија и нејзината колонија се зголемил, па затоа било потребно да се создаде сопствено германско пристаниште, бидејќи постоечкото Валвис Беј, на 33 km појужно, било завземено од Британците. Изборот паднал на место северно од реката Свакоп, бидејќи водата била достапна, а и бидејќи другите места биле непогодни.