Светлана Христова - Јоциќ
Од Википедија, слободна енциклопедија
Светлана Христова - Јоциќ e поет, есеист и писател за деца. Родена е на 27 февруари 1941 година во Ресен. Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како новинар во Радио Скопје. Била секретар и претседател на ДПМ и покренувач и главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“. Член e на македонскиот ПЕН центар и на ДПМ. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“
[уреди] Литературно творештво
- Калесница (поезија, 1970)
- Скришен ковчег (поезија, 1974)
- Сињо (поезија, 1980)
- Последна битка (повест за деца, 1980)
- Алка за нишалка (позија за деца, 1981)
- Еа (поезија, 1984)
- Хагада (поезија, 1987)
- Зачатие (поезија, 1990)
- Самечка ќелија (поезија, 1993)
- Душница (избор поезија, 1993)
- Гусларот (повест за деца, 1993)
- Стровиште (роман, 1994)
- Силенто (поезија, есперанто, 1995)
- С. Бесмертна (поезија, 1996)
- Голема молитва (поезија, 2000)