Сер
Од Википедија, слободна енциклопедија
На оваа статија ѝ е потребно правилно форматирање, категоризирање, граматика, интервики и слично. Може да помогнете со тоа што ќе ја уредите и трансформирате во стандардна вики-статија.
|
|
---|---|
![]() |
|
Периферија | Централна Македонија |
Главен град | Сер |
Население | 56.145 (2001) |
Површина | 253 km² {{{п_ранг}}} |
Густина | 222/km²
|
Веб-сајт | www.serres.gr |
Сер (грчки: Σέρρες) е главен град на периферија во Централна Македонија , Грција. .
Содржина |
[уреди] Географија
Градот се наоѓа во Серското поле, на 24км источно од реката Струма во падините на планината Шарлија (на грчки Βρόντος, Врондос). Исто така е оддалечен на 69км североисточно од Солун, главниот град на Егејска Македонија.
[уреди] Историја
Градот е основан од пајонското племе Сиропајони. Римјаните го спомнуваат како Serrae или Serrhae. Подоцна се истакнал како поважен град на Византија, штитејќи ја северната граница и патот низ Рупелската клисура кон Бугарија. За кратко време бил освоен од бугарите во 10 век. Во 14 век го освоиле србите и се спомнува како главен град на царот Стефан Душан. 1383 година е заземен од турците и во нивни раце останува се до 1912 година. Тогаш по Првата балканска војна и припаѓа на Бугарија, но на следната 1913 година влегува во границите на Грција. За време на Првата и Втората светски војни наново е окупиран од бугарите.
[уреди] Видете исто така
- Историја на Грција
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Извори
- "Sérrai." Encyclopædia Britannica, 2006.
- "Sérrai, Siris, or Serres." The Columbia Encyclopedia, 2004.