Синан
Од Википедија, слободна енциклопедија
Коџа Мимар Синан Ага (Ḳoca Mi‘mār Sinān Āġā), отомански турски: قوجه معمار سنان آغا) (15 април, 1489 - 17 јули, 1588) бил главен отомански архитект за султаните Селим I, Сулејман I, Селим II и Мурат III. Неговото најголемо ремек-дело е Селимовата џамија во Едрене, иако неговото најпознато дело е Сулејмановата џамија во Истанбул. Синан исто така бил еден од првите противземјотресни инженери во светот.
Содржина |
[уреди] Background
Синан се родил како христијанин во Анадолија во малото гратче Ааринас близу градот Кајсери, а неговото потекло е или грчко [1] или ермененско [2] (неможе точно да се знае бидејќи во отоманските пописи се запишувала само верата). Во 1511 бил регрутиран во војска и испратен во Истанбул каде бил потурчен. Таму служел на великот везир Ибрахим Паша како кадет во Сарајската школа. Таму тој го променил името во муслиманското Синан. Три години подоцна тој бил вешт архитект и инженер и зел учество во воените кампажи на султанот Селим како воен инженер. Кога турците го зазеле Каиро, Синан бил унапреден во главен архитект и имал приввилегија да руши згради за кои сметал дека не се по градскиот план. Исто така Синан бил поставен за командант на пешадија, но по негово барање бил преназначен за командант на артилерија. За време на персискиот поход во 1535 тој конструирал бродови за преминување на езерото Ван. За ова тој бил назначен за Haseki'i, редар во личната гарда на султанот, кој бил ранг еднаков на јаничарски ага.
[уреди] Работа
Првото дело на Синан била Шехзадската џамија, изградена во 1548. Почнал да ја гради Сулејмановата џамија во 1550, а завршил во 1557. Пред тоа никој не градел џамии со полукубни кровови. Синан ја добил идејата од Света Софија. Исто така градел џамии и други згради околу Истанбул, како [[Селимова џамија
Теми во римската митологија | |
---|---|
Важни богови: | |
|
|
Легендарна историја | |
Римска религија | |
Грчки/римски мит споредени | |
— | |
Други рустикални богови: | |
Селимовата џамија]] во Одрин, Ристем-пашината џамија во Иснатбул, Mihrimah Sultan Mosque in Едринекапи, и Кадирга Соколу џамија во Истанбул. Исто така Синан го конструирал карвансарајот Такија ал-Селујманија и џамија во Дамаск, која сеусште е една од најзначајните зданија во градот, како и Бања баши џамијата во Софија, Бугарија, која е моментално единственаата џамија во употреба во градот.
[уреди] Masterpiece
Спооред неговата автобиографија “Tezkiretü’l Bünyan”, неговото ремек-дело е Селимовата џамија во Едрене. Додека се градела, неговата најголема мотивација била да се порекне исказот на христијанските архитекти дека никогаш неможе да се направи поголем свод од тој на Света Софија, особено не од муслимани. При крајот на изградбата Синан изјавил дека го направил најголемиот свод на светот, но всушност висината на сводот од приземјето била помала, а пречникот речиси идентичен на Света Софија која била илјада години постара. Оваа џамија ја завршил на 80-годишна ворзаст.
[уреди] Градби
Се смета дека Синан изградил:
- 94 велики џамии,
- 57 универзитети,
- 52 помали џамии,
- 41 јавфни бањи (амами),
- 35 дворци (сараи),
- 22 мавзолеи турбиња,
- 20 карвансараи (анови),
- 17 јавни кујни (имарети),
- 8 моста,
- 8 складишта,
- 7 училишта (медреси),
- 6 аквадукти,
- 3 болници.
[уреди] Смрт
Синан починал во 1588 и бил погребан во гробница веднаш до ѕидовите на Сулејмановата џамија, преку улицата кое го носи неговото име (Мимар Синан Кадеси). Во негова чест е именуван и кратер на Меркур (планета)|Меркур.
[уреди] Дела
- Азакпаки Сокулина џамија во Истанбул
- Селимова џамија во Одрин
- Сулејманова џамија (комплекс)
- Килиџ Али-пашин комплекс
- Мола Џелебиев кокмплекс
- Хасешки амам
- Пијале-пашина џамија
- Сехзадска џамија
- Михрима-султанов комплекс во Едирнекапи
- Нишанџи Мехмед-пашина џамија
- Ристем-пашина џамија
- Зал махмум-пашина џамија
- Кадирга Соколу џамија
- Куршум-џамија во Трикала