Слобода на морињата
Од Википедија, слободна енциклопедија
МБ Слобода на морињата M/S Freedom of the Seas |
|
Изграден: | Акер Финјардс (Турку, Финска) |
Порачан: | Септември 2003 |
Положен: | 9 ноември, 2004 |
Спуштање: | 19 август, 2005 |
Крстен: | 12 мај, 2006 во Бајон, Њу Џерси на Њујоршкото пристаниште |
Прва пловидба: | 4 јуни 2006 (Кариби) |
Статус: | во служба |
Општи карактеристики | |
---|---|
Тежина: | 154,407 долги тони |
Под вода: | 8.5 метри |
Должина: | 338.77 m |
Ширина: | 38.6 m водна површина, 56.0 m есктремна (крила на мостовите) |
Висина: | 63.7 m (15 палуби) |
Струја: | Шест Вартсила 46 V12 дизел-мотори, секој со 12.6 MW (~17,000кс) придвижувајќи електрични генератори со 514 в/мс |
Погон: | Три ABB елетрични погони со Азипод сталак, два азимутни, еден фиксен. 4 додатни лачни турбини. |
Брзина: | 21.6 јазли (40 км/ч) |
Луѓе: | 4,370 патници; 1,360 посада |
Вредност: | ~750 милиони евра |
Регистратура: | Бахами |
МБ Слобода на морињата (M/S Freedom of the Seas) е крстосувач на Кралската Карипска Интернационала (Royal Caribbean International) и именител на неговата класа класа. Ова е најголемиот патнички брод на светот, со капацитет за преку 4,300 на петнаесет палуби, опслужувани од преку 1300 посада. Овој брод заедно со неговите сродници од иста класа најверојатно ќе ја задржат титулата најголеми патнички бродови на сите времиња сѐ до изградбата на бродовите од класата Генеза, од истиот сопственик.
Содржина |
[уреди] Изградба
Слобода на морињата е изграден од бродоградилиштето Акер Финјардс во Турку, Финска кој исто така ги гради и другите бродови од класата Слобода. Со завршувањето на изградбата, овој брод станал најголемиот патнички брод на светот, земајќи му ја титулата на Кунардовиот Кралица Мери 2.
Слобода е за 2.4 метри потесен од КМ2 на водното ниво, за 6 пократок и има за 1.5 помала подводна висина. Меѓутоа овој брод е поголем по тонажа и со тоа е најтешкиот патнички брод во светот.
[уреди] Содржини
На бродот има три места за пливање; интерактивен воден парк, посебен базен за возрасни и главен базен. Има два џакузи кои надвиснуваат од страните на бродот. На Кралската Променада има кафуле, пицерија Сорентос, сладоледџилница Бен и Џерис, винарија, ирски паб, и многу фришопи. На 13-тата палуба има има спортски содржини како ѕид за искачување по карпи, FlowRider (бранопроизводител за сурф-симулација), терен за миниголф и правилен кошаркарски терен. Други содржини се лизгалиште, казино, ресторан Џони Рокетс, Wi-Fi можности низ целиот брод, телевизори со рамен екран во сите кабини, како и здружливост за мобилни телефони.
[уреди] Иднина
Во 2009 овој и бртодовите од истата класа ќе бидат надминати како најголеми бродови на светот од бродовите од класата Генеза од истиот сопственик.
[уреди] Факти и податоци
- Бродот има 30 чамци за спасување.
- Трошокот на работење изнесува 1 милион американски долари дневно.
- Има 750,000 светилки и 4,700 уметнички дела, а користи 35,000 kg мраз дневно.
- Најголемиот апартман има 113 м², во кој може да спијат 14 и има 5 телевизори, приватно џакузи и бар.
- Бродот троши околу 106,000 литри гориво дневно.
[уреди] Галерија
Бродот кон пристаништето во Хамбург |
|||
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб-сајт на Слобода на морињата (англиски)
- Бродоградилиште Акер, Финска (англиски)
- Информации за бродот (англиски)
- Официјален веб-сајт на Кралската Карипска Интернационала (англиски)
- Критички осврт на крстарењето (англиски)
Претходник: Кралица Мери 2 |
Најголем патнички брод на светот 2006–денес |
Наследник: Слободност на морињата |