Смоларски водопад
Од Википедија, слободна енциклопедија
Смоларскиот водопад се наоѓа на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на Смоларска река, десна притока на реката Струмица, на н.в. од 600 м во регионот на селото Смолари. Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.
- Види исто така Хидрографија на Македонија