Специфичен имунитет
Од Википедија, слободна енциклопедија
Специфичниот имунитет е вид на имунитет, односно имун одговор на организмот кој се случува тогаш кога неспецифичниот имунитет нема да обезбеди заштита од туѓите честички - антигени. Специфичниот имунитет е комбинација од два вида на имунитет: хуморален и клеточен. Притоа, B клетките се одговорни за одбранбената реакција антиген-антитело, која се случува при хуморалниот имунитет, додека Т клетките се одговорни за клеточниот имунитет.