Имунитет
Од Википедија, слободна енциклопедија

Имунитетот е способност на организмот да дава отпор на болести со идентификација и уништување на туѓи супстанци или организми. Иако сите животни имаат некои имуни можности, малку се знае за немамалискиот имунитет. Цицачите се заштитени со различни заштитни механизми, од кои некои се неспецифични (на пример, бариери каква што е кожата), а другите се високоспецифични (на пример, одговорот на антителата).
Содржина |
[уреди] Неспецифична одбрана
- Поподробно на оваа тема во Неспецифичен имунитет.
Неспецифичната одбрана вклучува физички и хемиски бариери, воспалителен одговор и интерферони. Физички бариери можат да бидат недопрената кожа и мукозните мембрани. Бариерите се потпомогнати од различни антимикробни хемикалии во ткивата и течностите. Пример за таква супстанца е лизозимот, ензим присутен во солзите кој ги уништува клеточните мембрани на одредени бактерии.
[уреди] Воспалителен одговор
Друга линија на одбрана е воспалителниот процес при кој белите крвни клетки наречени моноцити и гранулоцити (на пример, базофили и неутрофили) стигнуваат до повредената област. Базофилите ослободуваат хистамин, што резултира во зголемен локален крвоток и зголемена пропусливост на капиларите и овозможува фагоцитозните клетки, како што се неутрофилите и моноцитите (од типот на макрофагите) да дојдат во областа. Истиот одговор се случува понекогаш и при треската. Доаѓањето на коагулирачкиот протеин фибриноген и други супстанци на повреденото место резултира во блокирање на ткивото со коагулум кој ја заѕидува повредената област за да го спречи ширењето на бактериите и нивните токсини.
[уреди] Интерферони
Интерфероните се протеини кои се ослободуваат од клетката инвазирана со вирус и им наложуваат на околните клетки да произведуваат ензими кои ќе ја спречат виралната репликација. Тие се причината што, во повеќето случаи, инфекцијата со еден вирус оневозможува инфекција со втор вирус.
[уреди] Несусцептибилност
Ова е термин со кој се означува неможноста на одредени организми кои пренесуваат зараза да прераснат во партикуларни честички. Несусцептибилноста може да биде предизвикана од услови како недостаток на одредени супстанци потребни за раст на инфицирачкиот микроорганизам или телесна температура несоодветна за инвазивниот микроорганизам. На пример, кокошките се несусцептибилни на антракс бидејќи бактеријата неможе да расте на нормалната телесна температура која владее во телото на ова животно.
[уреди] Имун одговор
- Поподробно на оваа тема во Специфичен имунитет.
Главните делови на имуниот систем се коскената срж, тимусот, лимфниот систем, тонзилите и слезината. Лимфните јазли, крајниците (тонзилите) и слезината дејствуваат како стапици и ги уништуваат антигените од лимфата, воздухот и крвта, соодветно. Антигените се молекули на кои телото реагира со производство на антитела, високоспецифични протеини познати и како имуноглобулини. Во антигени спаѓаат бактериите и нивните токсини, вирусите, малигните клетки, туѓите ткива и слично. Нивното уништување се доостварува со белите крвни клетки (лимфоцитите, гранулоцитите и моноцитите спомнати погоре), кои се произведуваат и постојано се заменуваат од страна на клетките во коскената срцевина. Двата типа на лимфоцити се наречени В- лимфоцити (В-клетки) и Т-кимфоцити (Т-клетки). В-клетките се одговорни за производството на антитела во т.н. "хуморален имунитет".
[уреди] Активен и пасивен имунитет
Природно стекнатиот активен имунитет се здобива кога телото е изложено на жив патоген, при што ја развива заразата и постанува имуно како резултат на примарниот имун одговор. Вештачки стекнатиот активен имунитет може да се здобие со вакцина, супстанца која го содржи антигенот. Вакцината стимулира примарен одговор против антигенот, без да предизвика симптоми на заразата (види и вакцинација).
Вештачки стекнатиот пасивен имунитет е краткотрајна имунизација со инјектирање на антитела, како што се гамаглобулините, кои не се произведуваат од страна на клетките на примателот. Природно стекнатиот пасивен имунитет се случува за време на бременоста кога одредени антитела преминуваат од мајкиниот во феталниот крвоток. Имунолошката толеранција за туѓи антигени може да биде предизвикана експериментално со создавање на услови со висока толеранција, т.е. со инјектирање на големи количества на туѓи антигени во домаќинскиот организам, или со ниска толеранција, т.е. со инјектирање на мали количества на туѓи антигени во различни временски периоди.
[уреди] Непосакувани имуни одговори и услови
Имунитетот е од голема медицинска важност од средината на 20 век. Можноста на телото да одбива туѓа материја е главната пречка за успешна трансплантација на одредени ткива и органи. При крвната трансфузија, имуниот одговор е причина за неколку клеточни аглутинации или руптури (лизирања, разградувања) кога донорот на крвта и примателот не се имунолошки компатибилни (види и крвна група). Имуна реакција може да настане и помеѓу мајка и бебе (види и Rh-фактор). Алергијата, анафилаксијата и серумската болест се манифестации на непосакувани имуни одговори.
За многу дегенеративни нарушувања при стареењето, како артритис, се мисли дека се нарушувања на имуниот систем. При автоимуни зарази, како ревматичниот артритис и лупус, индивидуите произведуваат антитела против своите протеини и клеточни компоненти. Комбинации на туѓи протеини и нивните антитела, наречени имуни комплекси, циркулираат низ телото и можат да предизвикаат гломерулонефритис и Брајтова болест (болест на бубрезите). Циркулирачките имуни комплекси по инфекција на црниот дроб со вирус можат да предизвикаат артритис.
Краен екстрем од спектарот на непосакувани услови е самиот недостаток од имунитет. Во детството, ова отсуство може да резултира од конгенитална неможност за производство на антитела, па до неколку нарушувања на имуниот систем, кои ги оставаат индивидуите незаштитени од зараза. Овие услови се летални за децата. СИДА-та, која целосно го уништува имуниот систем, е причинета од ретровирус наречен човеков имунодефициентен вирус (ХИВ), кој беше идентификуван во 1981. Тој ги инфицира помошните Т-клетки, со што го оневозможува дејството на имуниот систем и го доведува човекот до голем број на прогресивни компликации и смрт.