Стојан Ристески
Од Википедија, слободна енциклопедија
Стојан Ристески е познат македонски научен работник, поет и раскажувач.
Стојан Ристески е роден на 2 ноември 1932 година во с. Лешани, Охридско. Со основно образование се стекнувал во Лешани, Белчишта и Охрид. Во Битола завршил учителска школа, а во Скопје завршил Виша педагошка школа и Философски факултет (група Историја на книжевностите на народите на Југославија). На 30 јуни 1975 година докторирал на Философскиот факултет во Нови Сад со тезата “Книжевното дело и живот на Радослав К. Петкоски“.
Д-р Стојан Ристески работел во основните училишта во селата Оровник, Злести и Требеништа, како и во учителската школа и во Гимназијата во Охрид(1960 - 1978); бил самостоен педагошки советник за македонски јазик (1978 - 1983). Од 1983 до пензионирањето во 1993 година бил професор по македонски јазик на универзитетите во Приштина и Ниш, а на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид предавал Културно наследство и Култура на однесувањето.
[уреди] Објавени дела (научни и литературни)
- Методија Патче (1974)
- Дејан Војвода (1974)
- Естреја Овадја Мара (повест, 1978; во скратена форма на еврејски јазик во Израел, 1984)
- Жубори (стихозбирка, 1978)
- Лазар Поп Трајков (1980)
- Коста Абраш (1981)
- Велгошти (1982)
- Литературни испитувања (1983)
- Прилози за писмените задачи и за литературниот јазик (1983)
- Македонски текстови (1987)
- Создавање на современиот македонски литературен јазик (1988)
- Костурчанки (1988)
- Две македонски судбини (1988)
- Григор Прличев - нови страници (1989)
- Оровник и Подмолје (1989)
- Легенди и преданија за Свети Наум (1990)
- Партизанскиот одред “Славеј“ (1990)
- Народни приказни, преданија и обичаи кај Египќаните (Еѓупците) во Македонија (1991)
- Една голооточка голгота (1991)
- Една необјавена македонска граматика (1991)
- Преспа под Албанија (1993)
- Судени за Македонија (1993 / 1995 / книга 2, 1996)
- Табу темата: Киселинов - Конески (1994)
- Невините жртви Босилка и Стојанчо (1994)
- Волино (1995)
- Непробол (стихозбирка, 1995)
- Голготата на Гоцевата внука Катерина (1997)
- Литературно-фолклорни прилози (1999)
- Навраќања на историски теми (2000)
- Прилози за историјата на македонскиот јазик (2000)
- Лешани (2000)
- Невреме (раскази, 2000)
- Стенографски белешки од Првата јазична комисија (2000)
- Естреја (2001)
- Моите кодоши (2001)
- Голооточка исповед (2003)
- Охридското езеро и неговата заштита (2003)
- Златните раце на Вангел Деребан (2003)
- Војводата Аргир Маринче (2003)
- Свештеникот Васил Попангелев (2003)
- Верица (2004)
- Пред карикатурата (2004)