Сун Ѕ’и
Од Википедија, слободна енциклопедија
- За матеметичарот, видете Сун Ѕ’и (математичар).
Портрет на Сун Ѕ’и |
|
Роден(а): | 544 п.н.е. Веријатно државата Чи |
---|---|
Починал(а): | 496 п.н.е. Веројатно во државата Ву |
Занимање: | Генерал |
Националност: | Кинез |
Тема: | Воена стратегија |
Сун Ѕ’и или Сун Цу (кинески: 孫子), ц. 6 век п.н.е) е автор на трактатот Уметноста на војната, енормно влијателна античка кинеска книга на тема воена стратегија (најголемиот дел не се занимава директно со тактика). Тој е исто така еден од најраните реалисти во теоријата на меѓународните односи.
Името Сун Ѕ’и („Учителот Сун“) е почесна титула дадена на Сун Ву (孫武), името на авторот. Зборот Ву, кој значи „боречки“ или „воен“, е ист што и зборот „ву шу“ или „боречка вештина“. Сун Ву исто така има и куртоазно име, Чанг Чинг (長卿).
[уреди] Сун Ѕ’и како историска личност
Единствениот зачуван извор за животот на Сун Ѕ’и е неговата биографија напишана во 2 век п.н.е. од историчарот Сима Квиан, кој го опишува како генерал кој живеел во државата Ву во 6 век п.н.е., а така и современик на еден од големите кинески мислители—Конфучиј. Меѓутоа, формата и содржината на Уметноста на војната укажуваат дека книгата била напишана меѓу 400 п.н.е. и 320 п.н.е.
Ѕ'иевото дело, Уметноста на војната, нанзачено како бинг фа или „воена стратегија“, ни дава еден вид увид во периодот во кој авторот живеел.
Некои академици веруваат дека книгата е всушност дело на некои анонимни кинески философи и дека Сун Ѕ’и не постоел вистински. Интересно е дека постојат повеќе докази во полза на оваа теорија, отколку во полза на теоријата дека тој бил вистинска историска личноост. Во Лајонел Гајлсовиот вовед на неговиот превод Уметноста на војната од 1910, тој ја разработува нејасноста и сомнителноста на авторството на оваа книга.
Според некои Сун Ѕ’и бил предок на Сун Кван, основоположникот на кралството Ву, кое било едно од трите ривалски супер-династии за времето на Трите кралства.
[уреди] Видете исто така
- Познати воени писатели
- Триесет и шест стратегии, уште една кинеска стратешка книга
- Уметноста на војната
- Философија на војната
[уреди] Надворешни врски
- Уметноста на војната преведена на англиски од Лајонел Гајлс (1910) заедно со HTML верзија (англиски)
- Уметноста на војната, аудио издание Бесплатни mp3-ки раскажувани од Мајкл Скот (англиски)