Конфучиј
Од Википедија, слободна енциклопедија
Конфучиј (кинески: 孔子 (Кунг фу-ѕу), латински: Confucius) е кинески философ кој живеел од 551 до 479 п.н.е., и е основач на религијата конфучијанизам. Фунг Ју-лан за него ќе рече дека тој е првиот човек кој развил вистински систем на мислење. Конфучиј е светски познат по својата доктрина во која основна црта е жен (хуманоста).
Наспроти медитативниот Лао Це и таоистичката философија за тоа дека „создавачката сила влегува во светот низ вратата на ништото“, Конфучиј отвора на позитивна работа и здрав разум. Најважните извори на неговата наука се Зборови и мисли на Лун-ји, Златна средина, Возвишена наука итн. Во својата длабока старост тој собрал голем број на народни песни и ги објавил под насловот Ши-кинг.
[уреди] Познати изјави
Конфучиј го опишал својот живот на следниот начин:
„На петнаесет години започнав да учам, на триесет одев со цврсти чекори по патот на знаењето, на четириесет немав никакви сомнежи, на педесет ги познавав само законите на небото, во шеесеттите разбирав сѐ што ќе слушнеше моето уво, во седумдесеттите, следејќи ги желбите на моето срце, не прекршив ниедно правило“.
Ова е нецелосна статија за философија. Вие можете да помогнете за нејзината дообработка. |