Теореми за средна вредност
Од Википедија, слободна енциклопедија
Статии поврзани со математичката анализа |
Основна теорема на анализата |
Диференцијално сметање |
Извод од производ |
Интегрално сметање |
Таблица на основни интеграли |
Теореми за средна вредност, име за четири теореми кои во најопшта смисла ги поврзуваат својствата на функциите и нивниот извод. Преку овие теореми, најчесто, се врши практичната примена на диференцијалното сметање. Сите теореми носат име на познати математичари: Пјер Ферма (Pierre Fermat), Мишел Рол (Michel Rolle), Жозеф Луј Лагранж (Joseph-Louis Lagrange) и Августин Луј Коши (Augustin Louis Cauchy).
Содржина |
[уреди] Теорема на Ферма
Теоремата на Ферма, или Прва теорема за средна вредност, ја има следнава формулација:
- Нека
е реална функција определена на интервалот
и нека во точката
има локален екстрем (локален минимум или локален максимум). Ако функцијата е диференцијабилна во точката
, тогаш
.
Имајќи го во предвид значењето на првиот извод на функцијата во некоја точка, теоремата го има следново (неформално) толкување: во точките кои се екстреми на фунцијата, тангентата на графикот на функцијата е паралелна со -оската.
[уреди] Доказ
Прво да дефинираме локален екстрем на функција. Постојат два вида локални екстреми: локален минимум и локален максимум.
- Нека функцијата
е определена на интервал
. За неа велиме дека има локален максимум во точка
ако за секој
важи:
. Соодветно, за
велиме дека има локален минимум во точка
ако за секој
важи:
.
Нека претпоставиме дека функцијата има локален максимум во точка
. Тогаш точно е:
Тогаш за , важи:
и
. За изводот имаме:
Ако пак , важи:
и
, па во тој случај за изводот имаме:
Бидејќи лимесот постои (функцијата е диференцијабилна на целиот интервал), се добива дека постојат и левиот и десниот лимес во точката
и дека тие се еднакви; ова е единствено можно, согласно неравенствата
и
, ако
[уреди] Теорема на Рол
Теоремата на Рол, или Втора теорема за средна вредност, ја има следнава формулација:
- Нека функцијата
е определена на интервалот
и диференцијабилна на
и нека
. Тогаш постои точка
таква што
.
Неформално може да се толкува на следниов начин: ако функција е определена на затворен интервал и диференцијабилна во сите освен можеби во крајните точки од интервалот, во кои пак има вредност еднаква на нула, тогаш таа сигурно има екстрем на тој интервал.
[уреди] Доказ
Функцијата е непрекината на интервалот
, што значи дека постојат точки од интервалот во кои таа ги достигнува својата најмала и најголема вредност. Нека тие вредности ги означиме со
и
соодветно, т.е.
- Ако
, тогаш заради вредноста на функцијата во крајните точки имаме:
за секоја точка од интервалот, што значи дека
, од каде следи точноста на тврдењето.
- Ако
, тогаш е точно барем едно од следниве тврдења: или
или
(ако
, тогаш сигурно и
; ако пак
, тогаш сигурно и
).
Да претпоставиме . Тогаш заради непренинатоста на
, постои точка
така што
. Точката
не се наоѓа на крајот од интервалите, зашто тука функцијата по услов е еднаква на нула, додека
под претпоставка е различен од нула. Сега избираме вредност
. Тогаш на интервалот
функцијата
во точката
има локален максимум, па според Теоремата на Ферма следи дека:
; значи покажавме дека постои барем една точка од интервалот во која изводот на функцијата е нула. Истата постапка се применува и ако претпоставиме
.
Дополнително, тврдењето од теоремата е точно и ако наместо условот , исполнет е условот
.
[уреди] Теорема на Лагранж
Теорема на Лагранж, или Трета теорема за средна вредност, ја има следнава формулација:
- Нека функцијата
е определена на интервалот
и диференцијабилна на
. Тогаш постои точка
така што важи:
или поинаку претставено:
Неформално може да се толкува на следниов начин: ако функција е определена на затворен интервал и диференцијабилна во сите освен можеби во крајните точки од интервалот, тогаш постои точка од внатрешноста на тој интервал во која тангентата на графикот на функцијата е паралелна со секантата на графикот на функцијата која минува низ крајните точки од интервалот.
Забелешка: името теорема за средна вредност најчесто се употребува конкретно за оваа теорема. Тоа, меѓутоа, иако е точно не треба да се меша со името на сите четири теореми за средна вредност!
[уреди] Доказ
Доказот е малку поапстрактен од претходните. Нека се исполнети потребните услови: функцијата е определена на интервалот
и диференцијабилна на
. Специјално ја формираме функцијата
Функцијата е непрекината на интервалот и диференцијабилна на интервалот
бидејќи е „изведена“ од функцијата
, и дополнително важи:
. Тогаш, според Теоремата на Рол, постои точка
така што
, т.е.
Следи:
[уреди] Теорема на Коши
Теорема на Коши или Четврта теорема за средна вредност, ја има следнава формулација:
- Нека функциите
и
се определени на интервалот
и диференцијабилни на
. Тогаш постои точка
така што важи:
.
или поинаку претставено:
Забелешка:ако теоремата на Лагранж се нарекува Теорема за средна вредност, тогаш теоремата на Коши се нарекува Проширена теорема за средна вредност.
[уреди] Доказ
Ќе примениме слична постапка како при доказот на Теоремата на Лагранж. Нека ни се исполнети потребните услови: нека функциите и
се определени на интервалот
и диференцијабилни на
. Специјално ја формираме функцијата:
Оваа функција е непрекината на интервалот и диференцијабилна на интервалот
бидејќи е „изведена“ од функциите
и
и дополнително
. Тогаш според Теоремата на Рол, постои точка
таква што
. Тогаш:
од каде следи:
[уреди] Интересно
Воочлив е фактот дека сите теореми носат име на некој француски математичар. Често пати на шега се именуваат како француски теореми.
[уреди] Извори
- Шекутковски, Никита: Математичка анализа I, Просветно Дело, Скопје, 1996