Тироксин
Од Википедија, слободна енциклопедија
Тироксинот (T4 или тетрајодтиронин) е хормон кој се секретира од тироидната жлезда. За синтеза на тироксинот, потребно е присуството на јод, кој се зема од храната. Овој хормон има многубројни функции, но најважна е интензивирањето на метаболитичките процеси во клетките. Зголемената концентрација на тироксин во крвта ја инхибира секрецијата на TRH, и обратно.